Актуелниот европски првак, тимот на Барселона очекувано го мина ГОГ Гудме во четвртфиналната рунда од Лигата на шампионите.
Барса по втор пат беше подобра од данскиот тим, кого вечерва во реваншот пред својата публика го совлада со 36-31 и само го потврди пласманот на завршниот „Ф4“ турнир во Келн
Победата Барселона ја најави уште во првото полувреме кое го доби со седум разлика (20-13), па второто беше само чиста формалност.
Барселона со тоа го комплетира списокот на учесници на фајнал-форот на кој пласман во полуфиналето попладнево избори и полскиот Киелце, а вчера тоа го сторија Магдебург и ПСЖ.
Традиционално завршниот турнир се игра во „Ланксес Арена“ во Келн, Германија, а годинашното издание е закажано на 17 и 18 јуни.