Бостон е вториот тим што обезбеди пласман во финалето на Источната конференција од НБА плеј-офот. „Селтикс“ ја добија „мајсторката“ со Филаделфија и тоа премногу убедливо со 112-88, за со 4:3 во победи да ја решат полуфиналната серија во своја полза.
Ноќ за паметење имаше Џејсон Тејтум. Најдобриот кошаркар на Бостон постигна речиси половина од поените, односно средбата ја заврши со 51 поен на кои додаде 13 скока и 5 асистенции. Така Тејтум стана играчот со најмногу постигнати поени во решавачкиот седми натпревари од плеј-офот.
Кошаркарот на Бостон го собори рекордот нс Стеф Кари кој пред само 15 дена постигна 50 поени во „мајсторката“ со Сакраменто. На вечната листа зад овие двајца кошаркари се: Сем Џонс (47, 1963) Доминик Вилкинс (47, 1988), Кевин Џонсон (46, 1995), Лука Дончиќ (46, 2021) и Леброн Џејмс (45, 2008, 2018).
Што се однесува до натпреварот „Селтикси“ практично го добија во третата четвртина во која ја решија во своја полза со 33-10, па последната беше само чиста формалност.
Така во годинашните конференциски финалиња ќе ги гледаме истите четири екипи кои пред три сезони играа во „блонот“ во Дизниленд.
На западот Јикиќ и Денвер ќе ја имаат предноста на домашниот терен во дуелите со Леброн и ЛА Лејкерс, додека Тејтум и „Селктис“ финалето на истокот против Мајами и Батлер ќе го почнат пред своите симпатизери.
Сите конференциски финални натпревари ќе се играат од 2 часот и 30 минути по полноќ, а стартуваат во среда со дуелот во Денвер.