Виктор Давидовски, единствениот Македонец во ТЦР Европа шампионатот, имаше одличен настап на вториот овосезонски викенд, на трките што се возеа во По.
Давидовски беше брилијантен во двата дена, на трките што се возеа низ улиците на овој француски град и само поради пехот со пневматиците не успеа да се искачи на пиедесталот.
Дека на Давидовски му „лежи“ оваа патека, потврди неговиот настап во првата трка во која заврши како четврто пласиран, а го делеа помалку од две секунди да се искачи на пиедесталот.
На вториот натпреварувачки ден. Давидовски уште еднаш покажа дека е во одлична форма. Поставувачи и најбрзо време, тој се проби на второто место веднаш зад тимскиот колега Том Коронел, кој подоцна победи.
Иако Македонецот, имаше неколку обиди да избие на првата позиција, сепак проблемите со пневматиците го примораа да влезе во боксот, а на патеката се врати дури на десеттата позиција. Тоа не го поколеба Давидовски кој до крајот на трката успеа да мине тројца возачи и да заврши како седми, освојувајќи ново важни бодови со кои се проби едно место погоре во Генералниот пласман.
„Доживеавме пункција кога бевме во P2 со неверојатно темпо на трка.
Да, размислуваме за Спа и да се подготвиме повторно да бидеме конкурентни. Ви благодарам “Comtoyou Racing“ што ми го дадовте овој неверојатен автомобил во кој навистина уживав возејќи по улиците на Пау“,
изјави Давидовски.
Виктор по четирите трки (по две во Португалија и Франција) сега има вкупно 83 бодови и е на петтото место во поредокот, зад Том Коронел (141), Џон Филипи (128), Душан Борковиќ (112) и Коби Повелс (109).
Следниот предизвик за Давидивски е третиот овосезонски викенд, кога на 27 и 28 мај ќе се вози во Белгија на легендарната Спа Франкошамп.