Старата Дама од Торино успеа да го скрши отпорот на Кремонезе и со два гола во вториот дел да се радува на нова победа и три бода за зацврстување на втората позиција на табелата.
Гостите дојдоа со идеа да се бранат и евентуално да се обидат преку контра напад да го загрозат голот на Перин. Нивната дисциплина и пожртвувана игра донесе резултат во првиот дел откако на пауза заминаа со почетните 0:0.
Сепак во вториот дел, Јувентус притисна посилно што резултираше со водечки гол во 56-тата минута преку Николо Фаџоли. Инаку Фаџоли минатата сезона настапуваше во дресот на тимот од Кремона.
Сите прашања околу евентуалниот исход на натпреварот ги реши Бразилецот Бремер кој во 79-тата минута со глава го совлада противничкиот голман и го зголеми водството на домаќините на 2:0.
Ова е трета победа на Јувентус по ред во Серија А и со тоа се зацврсти на втората позиција со 69 бода, три повеќе во однос на Интер. Кремонезе пак со овој пораз само математички остана во игра за опстанок во Серија А.