Во Првата македонска фудбалска лига денес со почеток од 17 часот ќе се одиграат сите пет натпревари од 33-тото последно коло.
Во Струга се е спремно за прослава и подигнување на трофејот. Интересно е што Струга Трим Лум последниот натпревар ќе го игра токму против минатогодишниот шампион, екипата на Шкупи. Ова ќе биде буквално предавање на титулата од страна на Шкупи.
Академија Пандев после турбулентната сезона успеа да обезбеди опстанок и ќе се обиде со победа да ја заврши сезоната. Силекс имаа одлична сезона која ќе ја завршат на четвртото место, а за да имаат европско лето ќе го чекаат епилогот од финалето на купот на Македонија.
Екипата на Скопје официјално ќе игра во баражот за опстанок во Прва лига. Тие веќе го знаат противникот и терминот на одигрување, па се очекува силите да ги сочуваат за тој натпревар. Брегалница имаше солидна сезона, а ќе се обиде со победа да ја заврши.
Победа на домашен терен ја дочекува екипата на Тиквеш. Прилепчани од пред две кола се второлигаши, меѓутоа на достоинствен начин ќе се обидат да се одјават од Прва лига пред своите гледачи.
Последниот натпревар за Работнички ќе биде на домашен терен против екипата на Шкендија. И двете екипи оваа сезона останаа со празни раце, па очекуваме за крај на сезоната да одиграат интересен фудбал.
ПРВА ЛИГА – ПОСЛЕДНО 33.КОЛО (17 часот)
СТРУГА ТЛ – ШКУПИ
РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА
ПОБЕДА – ТИКВЕШ
СКОПЈЕ – БРЕГАЛНИЦА
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – СИЛЕКС
Слободна е екипата на Македонија Ѓорче Петров
ТАБЕЛА
1. СТРУГА 65 бодови
2. ШКУПИ 58
3. ШКЕНДИЈА 54
4. СИЛЕКС 47
5. МАКЕДОНИЈА ЃП 39
6. БРЕГАЛНИЦА 38
7. ТИКВЕШ 37
8. РАБОТНИЧКИ 37
9. АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 27
10. СКОПЈЕ 22
11. ПОБЕДА 13
Филип Василевски