Во Втората македонска фудбалска лига денес се одигра последното коло. Од претходно се знаеше дека Воска спорт и Гостивар се нови прволигаши, но после денешната победа од 5:1 во Велес, Воска спорт и официјално ја освојува првата позиција.

Каменица Саса успеа да стигне до посакуваниот бод во Битола и да обезбеди опстанок во Втора лига. Пелистер излезе со комбиниран состав, а тоа им ја олесна задачата на Каменица Саса да ја сочуваат мрежата и да се изборат за 0:0.

Голеада на натпреварот помеѓу Арсими и Тетекс. Тетовчани славеа со 3:4 и со оваа победа успеаа да обезбедат бараж за опстанок во Втора лига.

Јалова победа за екипата на Локомотива Скопје. Скопјани славеа со 2:0 против екипата на Беса, но тоа не им беше доволно за опстанок бидејќи ривалите стигнаа до потребните бодови.

Следната сезона третолигашки фудбал ќе се следи и во Виница. Слога Виница загуби на гостувањето кај Детонит Плачковица со 2:1 и официјално завршија на предпоследната позиција.

ВТОРА ЛИГА – ПОСЛЕДНО 30. КОЛО
Пелистер – Каменица Саса 0-0
Локомотива Скопје – Беса 2-0
Арсими – Тетекс 3-4
Караорман – Гостивар 0-2
Борец – Воска Спорт 1-5
Детонит Плачковица – Слога Виница 2-1
Охрид Лихнидос – Беласица 3-0
Кожув – Вардар 3-1

ТАБЕЛА:
1. Воска спорт 75 бодови
2. Гостивар 73
3. Вардар 64
4. Пелистер 58
5. Детонит Плачковица 50
6. Беса 48
7. Охрид 41
8. Арсими 40
9. Беласица 35
10. Караорман 34
11. Кожуф 34
12. Каменица Саса 31
13. Тетекс 31
14. Локомотива Скопје 30
15. Слога Виница 25
16. Борец 2

Филип Василевски