Актуелниот шампион во Мото ГП, италијанецот Франческо Бањаја од Дукати ќе стартува од пол позицијата на утрешната 5-та трка од светскиот шампионат во мотоциклизам што овој викенд се вози во Франција на патеката Ле Ман.
Тој беше најбрз во квалификациите со време од 1:30.705, круг кој го извозе во самиот финиш.
Веднаш до него ќе биде повратникот во шампионатот шпанецот Марк Маркез од Хонда кој се до крајот на квалификациите го имаше најбрзиот круг од 1:30.763. Третото место го зазеде Лука Марини од БР46, тимот на Валентино Роси.
Џек Милер, кој беше најбрз на тренингот вчера трката ќе ја започне од четвртата пизиција. Следуваат Хорхе Мартин, Маверик Вињалес, Марко Безеки, Алекс Маркез, Жоан Зарко и Бред Биндер.
За потсетување, спринт трката ќе се вози во 14.50 часот, а главната трка е закажана за утре недела од 15.10 часот каде ќе се вози официјално јубилејната 1000-та трка во историјата на Мото ГП.
Томислав Атанасовски