Предвидени од Џејлен Бронсон кошаркарите на Њујорк се спасија од елиминација и ја продолжија полуфиналната битка со Мајами во источната конференција,
„Никси“ пред своите симпатизери во „Медисон Сквер Гарден“ славеа со 112-103 во петтиот натпревар со „жешките“ и го намалија водството на противникот на 2:3 во победи.
Бронсон постигна 38 поени „зачинети„ со 9 скокови и 7 асистенции, Барет беше стрелец на 27, а Рендл додаде 24 поени за победничката екипа, па гостите речиси немаа никакви шанси за успех бидејќи Њујорк во третиот период од играта имаше 19 поени предност кои кошаркарите на Мајами никако не можеа да ги надополнат
Мајами втората „меч топка“ за влез во финалето ќе ја има на домашен терен.