Во Втората машка кошаркарска лига, вечерва на програмата е реванш полуфиналниот натпревари од плеј-офот меѓу Ангели и Вардар.
Вардарци ќе ја има првата „,меч топка“, за пласман во финалето, а со тоа и прволигашката конкуренција.
Ова откако на првиот натпревар одигран на домашен терен Вардар во интересен натпревар забележа победа со 6 поени разлика (84:68) и поведе со 1-0 во серијата што се игра прв до две победи.
Ќе ги послужи ли црвено-црните повторно шутот за три како на првиот дуел кога постигнаа 12 тројки или сега Ангели ќе бидат поефикасни за разлика од дуелот број 1 на кој реализираа само 3 тројки? Што сега ќе смислат тренерите Гацов и Јованчев за нивните екипи да стигнат до посакуваната цел? Ќе се изборат Ангели за мајсторка или Вардар ќе слави пласман во Првата лига?
Одговор на овие прашања ќе добиеме вечерва по натпреварот што ќе се игра во Кисела Вода со почеток од 20 часот и 30 минути.
Подесување дека вчера во Штип, Соколи го совладаа Охрид и се изборија за мајсторка која ќе се игра во Охрид, претстојниот викенд.
ПЛЕЈ-ОФ ПОЛУФИНАЛЕ (втор натпревар)
ЧЕТВРТОК (11 мај)
20.30 АНГЕЛИ – ВАРДАР (0-1)
СРЕДА (10 мај)
СОКОЛИ – ОХРИД 79:70 (1-1)