Италијанскиот тренер Карло Анчелоти влегува во историјата на Лигата на шампионите.

На синоќешниот натпревар меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити, Анчелоти го израмни рекордот на легендарниот Алекс Фергусон.

За стратегот на Реал, синоќешниот меч беше вкупно 190-ти во елитното натпреварување, со што 63-годишниот Италијанец, сега се израмни со Фергусон кој како тренер го предводеше Манчестер Јунајтед на исто толку натпревари (190).

Но, Анчелоти веќе на реваншот во Манчестер ќе избие на првата позиција на вечната листа, оставајќи го зад себе Фергусон, потоа Арсен Венгер (188), Пеп Гвардиола (158) и Жозе Мурињо (151).

Анчелоти досега четири пати ја освојуваше Лигата на шампионите, во која има по два со Милан, а дали ќе стигне и до третиот со Реал останува да видиме.