Екипите на Вардар и Охрид го добија првиот дуело од полуфиналето против Ангели и Соколи во Втората кошаркарска лига.
Благодарение на шутерското „шоу“ двата домашни тима се радуваа на победите, па сега ги дели само уште една од пласман во Првата лига.
Охриѓани реализираа 14 тројки во триумфот над штипски Соколи кои ги добија со 84:68. Во победничката екипа, Н.Стојаноски со 20 поени беше најефикасен, додека Димитриески додаде 16, а Х.Стојаноски и Столески уште по 11. Кај гостите од Штип, Јовев беше најрасположен со 16, два повеќе од Кацарски (14).
Далеку по неизвесен беше дуелот во малата сала на СЦ „Кале“ каде Вардар го победи составот на Ангели со 83:78. Црвено-црните до триумфот ги предводеше Хусеин Бајрам кој средбата ја заврши со 33 поени, а постигна осум од 12-те тројки на домаќините. Кај гостите од Кисела Вода, Арсоски беше стрелец на 17 поени, а еден помалку (16) постигна Димитровски.
Вторите натпревари на програмата се во среда и четврток, а доколку Соколи и Ангели ја искористат предноста на домашниот терен, тогаш мајсторките ќе се играат следниот викенд.