Монако беше триумфален на гостувањето кај Анже во 34.то коло во француската лига со 2:1.
Во првото полувреме де играше според темпото на Монако, а Александар Головин по асистенција на Вандерсон постигна гол во 45.та минута за 1:0. На 2:0 во второто полувреме зголеми Мирон Боаду во 60.та минута. Конечните 2:1 ги постави Абдалах Сима во 64.та минута.
Монако продолжува со последни сили да проба да фати воз за Лига на Шампиони. По 34 одиграни кола имаат 64 бода, 6 бода помалку од 3.то пласираниот Марсеј кој го има последното место за Лига на Шампиони.
Анже се на последната позиција со 14 бода без никакви шанси за опстанок во првата француска лига.
Андреј Велјаноски