Екипите на Баскет Кам и Бадел трета сезона во низа ќе се борат за шампионскиот пехар во женското кошаркарско првенство на Македонија.
Попладнево во салата „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица, започнува финалната серија, подобар до три победи меѓу овие две екипи кои во последните неколку сезони секогаш се во самиот врв.
Можеби во мала предност, поради играњето на домашен терен, особено во првите два натпревари го прави „предизвикувачот“, Баскет Кам, да биде доста поблиску до пехарот.
Ова е трета финалните пресметки на шампионскиот трофеј на овие две екипи. Првата пред две сезони ја доби Баскет Кам со 3:1 во победи, а со истиот резултат лани до шампионскиот пехар стигна Бадел.
Баделки ќе атакуваат на своот седми шампионски трофеј, а Баскет Кам го „брка“ третиот.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ ВО ФИНАЛНАТА СЕРИЈА
07.МАЈ Баскет КАМ 2011 – Бадел 1862 (од 16:30 часот)
10. МАЈ Баскет КАМ 2011 – Бадел 1862
13. МАЈ Бадел 1862 – Баскет КАМ 2011
17. МАЈ* Бадел 1862 – Баскет КАМ 2011
20.МАЈ* Баскет КАМ 2011 – Бадел 1862
* ако биде потребно