Фудбалерите на Ливерпул остварија нова минимална победа од 1:0 во дуелот од 35.коло од Премиер лигата откако попладнево го победија Брендфорд, исто како и во средата кога го победија Фулам на Енфилд. Исто како и на тој натпревар и денеска стрелец на голот беше Мохамед Салах и повторно натпреварот е решен во првиот дел.
Ова за „црвените“ е петти триумф за во серија или седум дуели без пораз.
Единствениот гол Ливерпул го постигна во 13.та минута кога Салах реализираше по асистенцијата на Вирџил Ван Дајк.
Ливерпул во вториот дел имаше две одлични шанси преку Коди Гакпо, но мрежата на Бренфорд остана незатресена.
Ливерпул со денешниот триумф се доближува со пласманот на четвртото место и шанса за пласман во Лигата на шампионите, но ќе треба да чекаат кикс на противниците.
Ливерпул има 62 бода, а пред него се Манчестер Јунајтед со 63 и Њукасл со 65.