Шпанската екипа Гран Канарија е овосезонскиот победник на кошаркарскиот Еврокуп, второто по квалитет европско клупсно натпреварување.
Предводени од младиот словенечки тренер Јака Лакович кому ова ми е дебитантска сезона, екипата на Гранд Канарија во финалето го совлада турскиот Турк Телеком со 71:67, со што оствари историски успех и пласман во Евролигата
За МВП на финалето е прогласен Џон Шурна кој натпреварот го заврши со 18 поени. Го следеа Еј Џеј Слотер со 16 поени, а Ендрју Албиси со 13 поени.
Во тимот на Турк Телеком дабл-дабл на одличниот Тајрик Џонс од 17 поени и 11 скока (индекс 27), а до 17 броеше и искусниот Аксел Бутил, додека Џериан Грант додаде 16 поени, но не доволно турскиот тим да се радува на победата и трофејот, вреден пласман следната сезона во Евролигата.