Кошаркарите на ТФТ Моцарт се изборија за мајсторка во четвртфиналето од плеј-офот откако на гостински терен во Кавадарци го совладаа Еуро Никел со 76:72. Победата се должи пред се на добрата одбрана во последната четвртина во која домашниот тим постигна само девет поени и во последните пет минути кавадарчани не постигнаа ниту поен. Со оваа победа ТФТ изедначи во серијата подобар до две победи на 1:1.
Резултат по четвртини: 24:22; 18:25; 21:15 и 9:14.
Првиот период им припадна на домашните со 24:22, а на полувреме екипата од скопската населба Тафталиџе имаше предност од пет поени и водство од 47:42.
Но, по 30 минути игра повторно Еуро Никел имаше предност 63:62 што беше најава за интересна завршница. Во последната четвртина Еуро Никел последниот кош го постигна на 04:52 минути до крајот за водство од 72:69. Ниту ТФТ во последните минути не постигна кош од игра, но затоа Александар Костоски и Дипреј МекБрер беа прецизни од линијата за слободни и постигнаа 7 од 8-те слободни фрлања.
Јуре Планиниќ кај Е.Никел беше најефикасен со 19 поени, а Мек Брер кај ТФТ постигна 20 поени.
Мајсторката ќе се игра во текот на викендот.