Јирген Клоп е обвинет за недолично однесување од страна на фудбалската асоцијација, за коментарите кон судијата Пол Тирни по победата на Ливерпул над Тотенхем од 4-3.

„Не знам што има човеков против нас“ изјави Клоп откако му беше даден жолт картон поради непристојните прослави кои беа вперени кон главните арбитри.

По крајот на натпреварот, главниот човек на Ливерпул повторно се пожали од Тирни, велејќи дека коментарите негови по жолтиот картон „не биле фер“.

Клоп изјави дека жали за инцидентот, но сега е обвинет од стана на ФА за омаловажувања и има рок до петок да даде одговор на овие обвинувања.