Екипата на РБ Лајпциг е првиот финалист во германскиот куп, откако убедливо го совлада тимот на Фрајбург со високи 5-1 како гостин. Лајпциг во финалето ќе го чека подобриот од дуелот помеѓу Штутгарт-Ајнтрахт Франкфурт, коe ќе се одигра утре со почеток во 20:45 часот.
Победникот беше решен уште во првиот дел, благодарение на расположениот Дани Олмо, кој во 13.та минута го отвори резултатот, а потоа забележа и три асистенции. Само една минуа по првиот гол, Бенџамин Хенрикс го зголеми резултатот на 2-0. Лајпциг ја контролираше играта и создавше нови шанси, а во 37-минута Доминик Собослаи реализираше една од тие шанси за зголемување на водството на 3-0. Во самата завршница на првиот дел Нкунку ја зголеми предноста и на полувреме се замина со 4-0.
Вториот дел почна со проблеми за Лајпциг поради црвениот картон на Јошко Гвардиол. Но, и со играч помалку Лајпциг успеваше да одолее на нападите на Фрајбург се до 75-минута кога Михаел Греогриц го намали водството на 1-4. Во судиското надополнување на вториот дел 90+7 Соболсаи го постигна својот втор гол на натпреварот, а петти за неговиот тим.
Екипата на Фрајбург после победата над Баерн Минхен немаше сила за уште едно изненадување и да исфрли уште еден фаворит од борбата за титулата.
Финалето од германскиот куп ќе се игра на 3.јуни на Олимпискиот стадион во Берлин.
Филип Василевски