„Изненадувачки“ пораз претрпе тимот на Бостон, кој пред своите симпатизери загуби од Филаделфија со 119-115 во првиот натпревар од полуфиналето на Источната конференција.
Гостите пристигнаа без Џоел Ембиид, па малкумина им даваа шанса за успех, но така не мислеа Џејмс Харден и Тајрон Макси кои во неизвесна завршница му ја донесоа победата на својот тим.
Во последните 30-секунди прво Мекси му ја украде топката на Брогдон и му донесе предност на Бостон од 114:113. На спротивната страна Тејтум ги погоди за двата и водство на „Селтикси“ 115:114, но затоа Харден на 8,5 секунди до крајот со тројка му донесе победа на својот тим.
Токму Харден ја имаше лидерската улога во тимот на „76-ките“ за кој постигна 46 поени, а имаше и 6 асистенции, додека кај Бостон, повторно најдобар беше Џејсон Тејтум со дабл-дабл од 39 поени и 11, но недоволни „Селтикси“ да го избегнат поразот.