Иако првично и надевавме дека македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски, полесно ќе мине со повредата со кој се здоби за време на последниот натпревар на Македонија против Турција, во квалификациите за Европскиот шампионат, за жал сепак не е така.
Имено премалку, со објава на својот официјален Фејсбук профил, се огласија од тимот на Вецлар каде настапува Кузмановски, кој веднаш по неделниот натпревар беше префрлен во Германија и таму му беа извршени детални прегледи.
Информацијата од германското тим е дека Кузмановски има посериозна повреда одошто се претпоставуваше, па најверојатно за него оваа сезона е завршена.
„Медицинскиот тим на зелено-белите не може да прецизира колку време ќе мора да паузира, но ќе направи се што може за да го врати што побрзо на терените. Кузма, ти посакуваме брзо закрепнување“, стои во објавата на клубот.