Неапол беше спремен да ,,еруптира” и да слави титула, но гостите од Салерна имаа поинакви планови, па Елмас и Наполи ќе почекаат за славје.
Салернитана ремизираше во дуелот со Наполи, а клучен за тој резултат беше Булае Диа кој донесе реми за гостите од 1-1. Екипата на Спалети за славење во Неапол ќе мора да се почека до следната недела бидејќи математички им треба уште еден бод.
Наполи тргна фуриозно, Неапол беше на нозе по поразот на Лацио, но 9 шута кон голот не беа доволни за Наполи да постигне гол во првиот дел. Сепак во второто полувреме Матијас Оливиера стрелаше за 1-0 по асистенцијата на Распадори, а стадиниот се тресеше.
Се се одвиваше според планираното за „Наполитанците”, но во 84-та минута Булае Диа стрелаше за 1-1, за студен туш на трибините.
Наполи чека титула 33 години, со 79 бода по 32 кола е на само бод од истата.