Можеби еден од најинтересните дуели од четвртфиналната рудна во кошаркарскиот плеј-оф ќе биде меѓу екипите на Гостивар и Работнички.

Со оглед на позициите кои ги заземаа по регуларниот дел од сезоната која гостиварци ја завршија на четвртата позиција, предност на домашен терен во серијата со Работнички, секако ќе биде многу важна смете тренерот на Гостивар, Љупчо Малинков

„Успеавме да ги добиеме сите средби на домашен терен, дојдовме до четвртото место на табелата. Тоа ни носи предност, односно играње на домашен терен на кој досега ги реализиравме во наша корист сите мечеви. Работнички е екипа во подем, која го потврди во оној втор дел од сезоната во кој се ‘дигнаа’.
Со серија на победи дојдоа во ситуација да бидат и пред нас. И за нас во овој момент е особено важно да ја продолжиме таа традиција на победување на домашен терен. Со добра игра и сериозна поддршка од публиката во салата ‘Младост’ мислам дека ќе бидеме поблиску до целта, пласман во полуфиналето на плеј-офот“, вели Малинков.

Ќе биде ли решавачки домашниот терен останува да видиме уште на првиот денешен натпревар што започнува од 18 часот.

Натпреварот Гостивар – Работнички можете да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ