Откако Македонскиот Олимписки Комитет (МОК) преку Дисциплинска комисија реши да го “суспендира на 4 години, Борко Ристовски, денеска легендарниот голман на Вардар и долгогодишен репрезентативец имаше средба со медиумите.
На истата, Борко ги презентира своите аргументи, особено за “затскривањето” зад институцијата МОК, на првиот човек Даниел Димевски.
,,Од денеска ќе почне нова страница во македонскиот спорт. Ќе разјасниме многу работи поврзани со првиот човек на МОК.
Денеска настапувам исклучиво како Борко Ристовски и никако поинаку.
Жално е што Димевски се реши да се затскрива позади МОК, а не собра храброст да поднесе тужба пред судовите.
Тука згреши. Не успеа да ме заплаши, напротив ќе ви презентирам се. Димевски се преценил.
Деновиве, добивме десетици документи со кои се потврдува криминал на Димевски.
Очекувај институциите пред се Јавното обвинителство да ме повика и да ги презентирам сите документи кои ги имам.
Јас нема да застанам додека тој прво не биде надвор од спортот, а потоа и онаму каде му е место”,
истакна меѓу останатото Ристовски..
“Црвената папка” како што вели Борко ги “крие” сите “криминали” на Претседателот на МОК, Димевски, па сега како што вели македонската спортска легенда на потег се институциите.