Екипата на Работнички Скопје ја дели уште една победа од освојување на нова шампионска титула во женското одбојкарско првенство на Македонија.
Ова откако Работнички вечерва го доби третиот меч од финалето против Јанта волеј и тоа со убедливи 3:0 во сетови за предност од 2:1 во финалната серија.
Првиот сет актуелните шампионки го добија убедливо со 25-12. Иако во вториот сет во повеќе наврати гостинките имаа и четири поени предност, сепак актуелните шампионки, успеаја да се вратат во игра и да го добијат сетот со 25-23, за водство од 2:0
И во третиот сет домаќинките ја контролираа играта и резултатот, а гостите од Кисела Вода постојано се обидуваа да ја надополнат негативата. Но, не успеаја во тоа па, Работнички го доби и тој сет со 25-21 за конечни 3:0 во сетови.
Уште еднаш се покажа дека домашниот терен е голема предност, како на овој така и на претходните два натпревари, па за очекување е интересен четврти натпревар што ќе се игра на теренот на Јанта волеј викендов.