Кошаркарите на Вардар успеаја да се пласираат во полуфиналето на плеј офот во Втората лигата откако попладнево го совладаа тимот на МЗТ Уни Банка со 90:82 во вториот четвртфинален дуел. Така „вардарци“ со 2-0 во победи се пласираа во следната фаза каде ќе играат против тимот на Ангели кои и во вториот дуел го совладаа тимот на Водно Санс со 95:77.
Резултат по четвртини: 18:21, 19:27, 31:21 и 14:21.
Кошаркарите на тренерот Александар Јованчев (Вардар) за разлика од првиот дуел, кој изобилуваше со пресврти сега имаа целосна контрола над резултатот особено што одлично го почнаа натпреварот. Вардар како гостин овој дуел го одигра многу поодговорно и по почетните 10 минути водеше со 21:18. На полувреме таа предност беше зголемена и беше двоцифрена +11 (48:37).
Кошаркарите на МЗТ УБ третиот период го одиграа најдобро и го добија со 31:21 и во неколку наврати намалија на еден поен негатива, но немаа сили за пресврт. Во последниот период гостите рутински го завршија дуелот и славеа победа со 90:82.