Во машкиот одбојкарски шампионат попладнево ќе се игра третиот натпревар од финалето.
Во него домашниот тим на Струмица Никоб влегува со предност од 2:0 во победи во дуелот со велешки Борец.
Струмичани кои важат за апсолутен фаворит, практично ќе ја имаат првата шанса за освојување на нов шампионски трофеј.
Финалниот натпревар број три меѓу Струмица Никоб и ГОК Борец започнува во 18.30 часот.
Утре, дамите Работнички Скопје и Јанта волеј ќе го играат својот трет натпревар, во кој ќе влезат со израмнети 1:1 во победи.