Во Првата македонска фудбалска лига денеска на програмата се натпреварите од 29-тото коло во кое трите екипи кои се во трка за шампионскиот трофеј играат на домашен терен и се очекува да атакуваат на трите бодови.
Струга Трим Лум ја пред својата публика ја продолжува битката за својата прва историска титула. Екипата на Тиквеш иако е без победа оваа полусезона, сепак важи за доста незгоден противник и ако стружани ги сакаат трите бода ќе мора доста да се намачат.
После ремито во Кавадарци, екипата на Шкупи ќе има шанса за поправен пред својата публика и со победа да го продолжи чекорот со Шкендија и Струга за првото место. Штипјани се уште сонуваат за местото кое носи излез во Европа и ќе се обидат да извлечат поволен резултат од ова гостување.
Шкендија оваа полусезона има 5 победи на својот стадион, на исто толку натпревари. Силекс кој има одлична сезона после враќањето во првата лига, ќе се обиде да ја изненади екипата на Шкендија и непоразен да замине од Тетово.
Академија Пандев има одлична можност за да ги освои трите бода во битката за опстанок. Победа нема да дојде со бело знаме во Струмица и ќе се надева на позитивен исход, но ситуацијата говори дека струмичани се благи фаворити за овој натпревар.
Македонија Ѓорче Петров после три натпревари без победа, денес гледаат одлична можност да се вратат на победите. Скопје грчевито се бори за опстанок и до сега се покажа како доста незгоден противник. Поради реконструкција на теренот во Ѓорче, овој натпревар е закажан на теренот на ФФМ.
ПРВА ЛИГА 29.КОЛО (16 часот)
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ПОБЕДА
МАКЕДОНИЈА ЃП – СКОПЈЕ
ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС
ШКУПИ – БРЕГАЛНИЦА
СТРУГА Т.Л. – ТИКВЕШ
Филип Василевски