Тимот на Атлетико Мадрид иако беше во негатива, сепак на крај успеа да дојде до посакуваната победа и да ја совлада екипата на Мајорка со 3:1.
Натпреварот почна лошо за избраниците на Чоло Симеоне па во 20. минута гостите после корнер и мешаница во која топката стигна до Матија Насташиќ дојдоа до предност од 0-1.
,,Јорганџиите” брзо се консолидираа и после низа шанси конечно во 45-тата минута дојдоа до изедначување. Родриго Де Пол одлично го следеше нафрлувањето и беше најснаодлив во шеснаесетникот на противникот и донесе изедначување.
Во второто полувреме Атлетико го засили ритамот и по само две минути игра Алваро Мората успеа да постигне гол и да донесе водство за домашната екипа.
Конечниот резултат го постави Караско во 77-мата минута и ја осигура победата.
Интересно е да се напомене дека овој натпревар Атлетико не играше со своите препознатливи црвено бели дресови, туку носеше специјално издание, според првичните дресови кои ги имал клубот на своите основање
Со оваа победа Атлетико се зацврстува на третата позиција и заостанува само два бода од второпласираниот Реал Мадрид.