Одбојкарите на Струмица Никоб се на една победа до освојување на новата шампионска титула.
Струмичани го добија вториот натпревар од финалето совладувајќи го ГОК Борец со 3:1 во сетови.
Во прекрасна атмосфера во велешката сала ,,Гемиџии”, шампионот ја најави победата добивајќи го првиот сет со 25-19.
Велешани не се откажаа, па возвратија со 25-21 за израмнување на 1:1.
Високиот ритам кок го наметнаа во третиот сет на гостите одново ом донесе предност, добивајќи го со 25-20.
Голема борба и шанса за израмнување во сетови пропуштија домаќините кои имаа сет топка, но не ја искористија па струмичани го добија сетот на разлика со 27-25 за конечни 3:1 и водство од 2:0 во победи во серијата подобар до три.
Првата шанса за новата титула тимот на Струмица Никоб ќе има пред својата публика, најверојатно во среда.