Додека прволигашите го играат последното коло, во Втората машка катарска лига викендов стартува разигрувањето, преку кое двете најдобри екипи следната сезона ќе бидат дел од Првата лига.
На програмата се првите четвртфинални дуели, во кои два дуели практично се реприза од последното лигашко коло.
Така првопласираниот Вардар го пречекува МЗТ Скопје 2 кој токму со победата над црвено-црните во последната рунда се избори за плејофот.
Денеска ќе се одигра само еден натпревар и тоа во СЦ „Кале“ каде Работнички кој заврши како втор го пречекува Охрид.
Останатите три средби на програмата се утре (недела).
ВТОРА ЛИГА ЧЕТВРТФИНАЛЕ
САБОТА
(2) РАБОТНИЧКИ – ОХРИД 1 3.00 часот
НЕДЕЛА
(1) ВАРДАР – МЗТ СКОПЈЕ 2 18.00 часот
(3) СОКОЛИ – КУМАНОВО 19.00 часот
(4) АНГЕЛИ – ВОДНО САНС 20.30 часот
Потсетување дека пласман во полуфиналето ќе обезбедат екипите што ќе остварат две победи. Реванш дуелите на програмата се на 26, а евентуалните мајсторки би се играле на 29 април.
Во полуфинале ќе играат победниците од натпреварите (1 и 4) односно (2 и 3)