Екипата на Работнички ја оствари првата победа во четвртфиналето во плејофот на Втората лига совладувајќи го Охрид со 74-68.
Охриѓани добро го отворија натпреварот и поведоа со 8 разлика (14-6), но до крајот на четвртата постигнаа само уште два поени, па на првата мала пауза се замина со резултат 16-13 за Охрид.
Со поагресивна зонска одбрана, Работнички ја презема контролата на резултатот и на полувремето замина со двоцифрена предност 38-28.
Домаќините продолжија во ист ритам и во 16.минута имаа највисоки +18 (53-35).
Охриѓани не се предадоа. Направија серија од 12-3 и на крајот на третиот период намалија на -9 (56-47)
Налик на третата и во четвртата четвртина Работнички имаше +13, со серија тројки на пет минути пред крајот беше само +3 (67-64).
Немаа гостите сили за комплетен пресврт па Работнички заслужено се радуваше на победа со конечни 74-68.
Реванш натпреварот во Охрид ќе се игра во среда, а доколку е потребен терет натпревар (мајсторка), таа би се играла следниот викенд во Скопје.
Утре на програмата се другите три (први) натпреварот од четвртфиналето.
18.00 ВАРДАР – МЗТ СКОПЈЕ У.Б.
19.00 СОКОЛИ- КУМАНОВО
20.30 АНГЕЛИ – ВОДНО САНС
Пласман во полуфиналето обезбедуваат екипите што ќе остварат две победи.