Дербито од последното 22.колои во Првата машка лига им припадна на кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром кои минимално со 95-93 го добија битолски Пелистер.
Иако во најголемиот дел од натпреварот актуелниот шампион беше во предност, па во еден период од третата четвртина водеше и со 17 разлика 65-48, се доведоа аеродромци на крајот да стравуваат за победата.
Стигна Пелистер во завршните 20.секунди на -1, но една најнапред техничката грешка која беше досудена над Хаџифејзовиќ, поради „симулирање фау“, а потоа и промашувањето на Карпентер, го спаси МЗТ од пораз или подобро речено, не му донесе победа на Пелистер.
Дури десетмина играчи средбата ја завршија со двоцифрен број на поени, а најмногу постигнаа гостинските Стаиќ и Хаџифејзовиќ по 22, додека капитенот Дамјан Стојановски си 16 и Американецот, Кук со 15 беа најефикасни во победничката екипа.
Во „Кале“ екипата на Кожув го надигра домашниот Работнички со убедливи 86-58, но гевгеличани и покрај оваа победа останаа на осмата позиција на табелата па во четвртфиналето ќе играат со шампионот МЗТ Скопје Аеродроми.
Со одигрувањето на денешните натпревари познат е пласманот на екипите од првото до осмото место, а со тоа и двојките за четвртфиналето во плеј-офот.
ПРВА ЛИГА – ПОСЛЕДНО 22.КОЛО
САБОТА
ТФТ МОЦАРТ – КУМАНОВО 107-70
АКАДЕМИЈА ФМП – ЕУРО НИКЕЛ 76-87
МЗТ СКОПЈЕ А. – ПЕЛИСТЕР 95-93
РАБОТНИЧКИ – КОЖУВ 58-86
ГОСТИВАР – ФЕНИКС 98-74
НЕДЕЛА
17.00 СТРУМИЦА – ЧАИР
ТАБЕЛА
1. МЗТ СКОПЈА А. 42 бодови
2. ПЕЛИСТЕР 39
3. ТФТ МОЦАРТ 37
4. ГОСТИВАР 37
5. РАБОТНИЧКИ 35
6. ЕУРО НИКЕЛ 34
7. ФЕНИКС 33
8. КОЖУВ 32
—————————————-
9. ФМП АКАДЕМИЈА 27
10. КУМАНОВО 27
11. ЧАИР 26 (-1)
12. СТРУМИЦА 23 (-1)
ПЕЈОФ 1/4 ФИНАЛЕ
(1) МЗТ СКОПЈЕ А. – (8) КОЖУВ
(2) ПЕЛИСТЕР – (7) ФЕНИКС
(3) ТФТ МОЦАРТ – (6) ЕУРО НИКЕЛ
(4) ГОСТИВАР – (5) РАБОТНИЧКИ
ВО ПЛЕЈ-АУТОТ ЌЕ ИГРААТ
ФМП АКАДЕМИЈА
КУМАНОВО
ЧАИР
СТРУМИЦА