Во Првата машка кошаркари лига на програмата викендов на програмата се натпреварите од последното 22-коло.
Веќе одамна се познати осумте екипи што ќе разигруваат за титулата, односно четирите што ќе се борат за опстанок, но останува непознато кој против кого во четвртфиналната рунда од плејофот.
Во неа сигурно ќе играат шампионот МЗТ Скопје и гевгелиски Кожув екипи кои се сигурно на првото односно осмото место.
Останатите позиции на табелата, а со тоа и двојки за четвртфиналето, дефинитивно ќе ги дознаеме со одигрувањето на денешните натпревари.
Како вовед во плејофот е и денешното дерби во „Јане Сандански“ меѓу МЗТ Скопје и Пелистер тимови кои важат и за главни претенденти за титулата.
ПРВА ЛИГА – ПОСЛЕДНО 22.КОЛО
САБОТА
16.00 ТФТ МОЦАРТ – КУМАНОВО
17.00 АКАДЕМИЈА ФМП – ЕУРО НИКЕЛ
18.30 МЗТ СКОПЈЕ А. – ПЕЛИСТЕР (пренос МРТ3)
18.30 РАБОТНИЧКИ – КОЖУВ
19.00 ГОСТИВАР – ФЕНИКС
НЕДЕЛА
17.00 СТРУМИЦА – ЧАИР
# | ТАБЕЛА | БОД | ПОБ | ПОР |
1 | МЗТ СКОПЈЕ А. | 40 | 19 | 2 |
2 | ПЕЛИСТЕР | 38 | 17 | 4 |
3 | ТФТ МОЦАР | 35 | 14 | 7 |
4 | ГОСТИВАР | 35 | 14 | 7 |
5 | РАБОТНИЧКИ | 34 | 13 | 8 |
6 | ФЕНИКС | 32 | 11 | 10 |
7 | ЕУРО НИКЕЛ | 32 | 11 | 10 |
8 | КОЖУВ | 30 | 9 | 12 |
9 | ЧАИР | 26 | 6 | 15 |
10 | АКАДЕМИЈА ФМП | 26 | 5 | 16 |
ПЕЈОФ 1/4 ФИНАЛЕ
(1) МЗТ СКОПЈЕ А. – (8) КОЖУВ
(2) ПЕЛИСТЕР – (7) ____________
(3) ____________ – (4) ____________
(5) ____________ – (6) ____________