Екипата на Денвер ја забележа единствената победа за гостите на синоќешните три натпревари одиграни во плеј-офот на НБА лигата.

Предводени од Никола Јокиќ и неговиот нов трипл-дабл со 20 поени, 12 асистенции и 11 скокови, а помогнат со 25 поени на Портер, составот на Денвер славеше кај Минесота со 120-111 и поведе со 3:0 во победи.

На домаќините не им помогнаа ниту најефикасниот на натпреварот Едвардс кој постигна 36 поени, како и Таунс кој додаде 27. Денвер сега го дели една победа од пласман во полуфиналето на Западната конференција.

На другите два натпревари на победа се радуваа домаќините.

Тре Јанг ја предводеше Атланта од триумф над Бостон 130-122 над Бостон и намали на 1:2 во победи. Јанг постигна 32 поени, а имаше и 9 асистенции, додека кај Бостон најдобар беше Тејтум со дабл0дабл со 29 поени и 10 скокови.

До предност од 2:1 во победи дојде Њу Јорк кој во „Медисон Сквер Гарден“ убедливо со 20 разлика 99-79 го Кливленд, натпревар во кој Брансон со 21 поен беше најефикасен во победничкиот тим ,а Барет даде 19, додека кај поразениот, а воедно и на натпреварот најефикасен беше Мичел со 22 поени.