Екипата на Лацио неможеше во полош момент да го загуби денешниот натпревар во против Торино на домашен терен (0-1).

Тимот на Маурицио Сари не успеа да го пронајде патот до мрежата на Торино.

Иван Илиќ во 22-та минута стрелаше за конечните 1-0 и донесе многу паника во плавиот дел на Рим.

Лацио се обидуваше, но не можеше да ја најде вистинска шанса, и во клучен момент се доведоа самите во ситуација да им е тежок патот до Лигата на Шампиони.

Откако на Јувентус му беа вратени одземените бодови, а Лацио остана на 71, сега тимот од Рим има само 2 бода повеќе 0д Јувентус и пет од Рома која е четврта, но конкурентите имаат натпревар помалку.

Андреј Велјаноски