Водечкиот Арсенал „извлече“ само бод на натпреварот со Саутемптон во последните минути од воведниот натпревар од 32.коло во Премиер лигата играјќи 3-3 со последно пласираната екипа на табелата.

Како започна овој натпревар, се навестуваше дека Арсенал ќе го загуби, но на крајот извлекоа реми, а може да жалат и што не победија.

По само 26-секунди  Алкараз погоди за 1-0 за гостите, кој преку Тео Волкот во 14-та минута зголеми на 2-0.

Габриел Мартинели брзо врати во 20-та минута за 2-1 и вела надеж за „топџиите”.

Во второто полувреме Арсенал имаше свои шанси, но Чалета-Цар во 66-та минута го постигна третиот гол за гостите за 3-1.

Изгледаше дека Арсенал ќе изгуби нови 3 бода, но Одегард и Сака во 88, 90 минута постигнаа два брзи гола и го израмнија резултатот на 3-3.

Во судиското продолжение Одегард ја погоди пречката на голот на Саутенмптон, па Арсенал натпреварот заврши со конечни 3-3, а „топџиите“ мораа да се задоволат само со еден бод. 

Арсенал полека го губи здивот и првото место на кое што се сеуште со 75 бода, но Манчестер Сити им „дишат во врат“ со 70 бода и два натпревари помалку, едно од нив меѓусебниот во Манчестер следната сабота. 

Андреј Велјаноски