Одбојкарките на Работнички Скопје во дуелот со Јанта волеј, ќе се обидат да го одбраната шампионскиот трофеј и сезонава да ја заокружат со двојна круна.
Ова е дуел на двете најдобри екипи последните неколку сезони, па со право љубителите на овој спорт може да се надеваат дека ќе следат врвни одбојката натпревари.
Улогата на благ фаворит ја имаат актуелните шампионки кои има и неколку дена повеќе за подготовка за финалната пресметка, имајќи во предвид дека тие одиграа два меча со Фит фан волеј во полуфиналето, додека Јанта волеј против Наковски волеј мораше да игра и мајсторка.
Но, многу тајни меѓу овие екипи нема, па моменталната инспирација, мотивација, борбеност, па и концентрација може да бидат решавачи. Девојките од двата тима заслужуваат и бројна публика на трибините, па како што вели капитенката на Работнички, Тамара Стојанова, наредните денови нека видат празник на одбојката.
„Ги започнуваме финалните натпревари, во кои влегуваме како бранители на титулата. Со екипата на Јанта Волеј добро се познаваме, имавме доволно време да направиме анализа на досегашните натпревари и да се подготвиме на тактичко ниво. Можам со сигурност да кажам, дека нè очекуваат интересни натпревари, кои ќе бидат вистинско уживање за гледачите кои ги поканувам да дојдат во што поголем број. Неделава што следува нека биде празник за одбојката“, изјави за нашиот портал, Тамара Стојанова.
Првиот натпревар на програмата е попладнево во терминот од 18.30 часот.