Екипите на Алкалоид и на Еурофарм Пелистер запишаа нови победи откако во 11.то коло ги совладаа своите ривали. Алкалоид го победи Охрид со 31:23 (15:10), додека Е.Пелистер славеше на гостувањето кај Пролет со 30:17 (15:9).
Алкалоид подобро го почна натпреварот и брзо стигна до убедливо водство од 8:2, сепак избраниците на гостинскиот тренер Андоновски успеаја да ги консолидираат редовите и брзо резултатот беше 10:7. На полувреме Алкалоид водеше со 15:10. Почетокот на вториот дел беше во знал на гостите од Охрид, кои повторно дојдоа на -3 (20:17 за Алкалоид). До крајот на дуелот избраниците на Кирил Лазаров го зголемија водството и забележаа убедлива победа.
Најефикасни на дуелот беа: Мартин Серафимов (Алкалоид) и Казеин Рустамов (Охрид) со по 6 голови.
На вториот дуел што се играше вечерва Еурофарм Пелистер го совлада Пролет. Неизвесно беше само на почетокот и 5:5, а на почетокот на вториот дел битолчани имаа и двоцифрена предност од десет голови (21:11). Најефикасен на дуелот беше Петар Атанасијевиќ со 6 голови.
На првиот дуел одигран денеска од 11.коло Вардар го победи Е.Пелистер 2 25:22.
Последниот натпревар од оваа рунда се игра в недела меѓу Тиквеш – Бутел.
Табела: Вардар 33 бодови, Е.Пелистер 33, Алкалоид 27, Охрид 12, Тиквеш 11, Бутел 10, Е.Пелистер 2 7 и Пролет 6.