Ракометарите на Голден Арт со триумф од 28:26 над Куманово го одбележаа денешниот дерби натпревар од плеј-аут разигрувањето на Суперлигата.
Со 5-та победа во низа на домашен терен, избраниците на Владимир Глигоров останаа на врвот во борбата за опстанок во Суперлигата.
Одлично прво полувреме со голема желба и интензитет, покажаа играчите на двете екипи. По неизвесниот старт, екипата на Голден Арт дојде до највисоката предност од 7:3. Но, гостите од Куманово за краток временски период се вратија во натпреварот и пред првиот тајмаут успеаја да ја намалат предност на 2 гола разлика(8:10). Предводени од Дејан Гошевски, Голден Арт на полувремето замина со 3 гола предност (15:12).
Во второто полувреме Куманово се врати во натпреварот и со серија од 4:0 тие влегоа во последните 15 минути со предност од 3 гола (19:22).
Но, Голден Арт имаше брз одговор на тоа и по само 4 минути дојде во водство од 23:22. Фантастичната игра не прекина се до крајот на натпреварот, кој заврши со 28:26.
Најдобар стрелец на натпреварот беше Немања Ѓурашовиќ со 8 постигнати погодоци, додека во победничката екипа триото, Христијан Милошески, Дејан Гошевски и Ивица Илиев придонесоа со по 5 погодоци.
Во следното коло Голден Арт му гостува на последнопласираниот Радовиш, а Куманово повторно на гостински терен против РК Скопје 2020.
Голден Арт е лидер на табелата сега со 24 бодови, три повеќе од Струга, а четири од трето и четврто пласираните Прилеп и Куманово.
Марио Петровски