Наполи и Милан вечерва ќе го играат реванш натпреварот од четвртфиналето во Лигата на шампионите, во кој гостинските фудбалери ќе влезат не наспани, а за тоа се погрижија темпераментните јужњаци.

Ноќните акции на навивачки пред хотелите во кои престојуваат гостинските играчи пред важните натпревари не се ништо ново.
Таа приказна не изостана ниту синоќа, кога фудбалерите и стручното раководство на Милан спиеја во Неапол.

Пред хотелот на „Лунгомаре“ во Неапол, околу 200 навивачи на Наполи пееја гласно во текот на целата ноќ, а правеа и спектакуларни огномети и користеа пиротехнички средства, се со една цел, на тој начин ги вознемируваат и остават без сон играчите на Милан.

Успеале ли во својата намера ќе видиме на вечерашниот натпревар што ќе започне од 21 часот.