Ракометарките на Вардар го совлада Овче Поле во четвртото коло од плеј-офот во женската Супер Лига со резултат 33-17, потврдувајќи дека во моментов се далеко подобар тим од противникот.

Откако вардарки го стартуваа со 2-0, а домаќините вратија со еден гол, црвено-црните направи серија од 6-0 за водство од 7-1. Веќе во 22 минута имаа осум позитива со резултат 13-5. За на полувреме екипите заминаа со резултат 15-7 за вардаровите девојки.

Во второто полувреме вардарки влегоа уште посилно за во 32 минута да ја имаа првата двоцифрена предност +11 (18-7). Во продолжението гостинските од Скопје само ја зголемуваа разликата, за на крајот Вардар да слави со убедливи 16 разлика 33-17.

Во победничката екипа најефикасна беше Магдалена Тошевска со девет гола, додека кај домаќинот се истакна Јована Конева со четири гола.

Вардар со оваа победа се изедначи со Куманово и сега двете екипи имаат по 19 бода и го се бори за третото место на табелата, додека Металург кој претходно попладнево забележаа победа против Пелистер заостанува два бода зад овие две екипи.

СУПЕР ЛИГА ПЛЕЈ-ОФ 4.КОЛО
МЕТАЛУРГ – ПЕЛИСТЕР 28-24
ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ВАРДАР 16-37

На претходно одиграните натпревари во ова коло
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ЧАИР 38-30
СТРУЖАНКА – КУМАНОВО 16-29

ТАБЕЛА 
1 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 28 бодови
2 ЧАИР 21
3 КУМАНОВО 19
4 ВАРДАР 19
5 МЕТАЛУРГ 16
6 ПЕЛИСТЕР 2012 7
7 СТРУЖАНКА 4
8 ОВЧЕ ПОЛЕ СУ 3

Ивона Кимовска