Екипата на Ливерпул како да се „буди“ и на гостувањето на „Еланд Роуд“ кај Лидс ја прекина серијата од четири натпревари без победа.
Во последниот дуел од 31.коло „црвените“ го совладаа противникот на негов терен со 6:1, иако до 35.минута резултатот беше 0:0. За Лидс ова беше уште еден непријатен натпревар на домашен терен откако за осум дена имаа два пораза дома со гол разлика (2:11, претходно загубија од К.Палас со 1:5).
Ливерпул поведе во 35.минута откако Коди Гакпо ја реализираше асистенцијата на Арнолд Лександер. Четири минути подоцна веќе беше 2:0, откако Мохамед Салах ја затресе мрежата на Мелие.
Домашниот тим намали на 1:2 по грешката на Конате, а стрелец беше Синистера на почетокот на вториот дел (47.минута). Потоа следуваа повторно минутите на Ливерпул.
Диого Жота погоди за 3:1 во 52.минута, а Салах вториот гол на дуелот го постигна во 64.та минута. На 5:1 зголеми Жота во 64.минута, а конечните 6:1 ги постави Дарвин Нуњез во 90.минута.
Ливерпул со денешната победа има 47 бодови или два помалку од Брајтон, но дури девет помалку од четвртопласираниот Њукасл. Лидс остана на 16.то место со 29 бодови или два повеќе од Евертон и од Нотингем Форест кои имаат по 27.