Актуелниот шампион на Англија Манчестер Сити со победа од 3:1 во 31.коло над Лестер ја намали разликата во однос на лидерот Арсенал и таа сега изнесува три бодови, со тоа што двата тима имаат одиграно по 30 натпревари. Манчестер Сити има 70 бодови, а Арсенал 73.
Избраниците на Пеп Гвардиола денешниот дуел го добија рутински и стигнаа до нови три бодови. Прв мрежата на Лестер во 5.минута ја затресе Џон Стоунс, а потоа следуваа минутите на Ерлинг Халанд. Најпрвин во 13.минута зголеми на 2:0, а потоа во 25.минута реализираше пенал за водство од 3:0. Ова беше неговиот 32.гол во Премиер лигата и е најдобар стрелец.
Во вториот дел Гвардиола го остави, Халанд на клупата. Тимот на Лестер во вториот дел успеа да постигне почесен гол преку екс-играчот на Ман.Сити, Ихеначо во 75.минута. До крајот на дуелот гостите пропуштија шанса за постигнат уште најмалку еден гол, но ударот на Медисон, Едерсон го одбрани, а Ихеначо ја погоди пречката.
Лестер со 25 бода остана на претпоследното место.
Прашањето на шампионот најверојатно ќе се решава во директниот дуел меѓу Манчестер Сити и Арсенал на 26.април.