Екипата на ПСЖ го „демолира“ Ленс со 3-1. Ова се очекуваше да биде дерби во француското фудбалско првенство, во кое Ленс како второ пласиран бараше шанса да се доближи до водечкиот ПСЖ, но домаќините ја покажа својата надмоќ уште во првиот дел.
Се започна по црвениот картон на Абдул Самес во 19.минута, а потоа со головите на Мбапе, Витиња и Меси за само девет минути (31, 37 и 40), парижани ва завршија својата работа.
Во второто полувреме ПСЖ само ја одржуваше предноста, но во 60-та минута од пенал Франковски намали на 3-1, резултат што остана до крај на натпреварот.
Со оваа победа и вкупно 72 бодови, ПСЖ е се поблиску до новата шампионска титула, бидејќи Ленс заостанува 9, а трето пласираниот Олимпик Марсеј 11 поен, но и еден натпревар помалку одиграно.
Андреј Вељаноски