Голема победа во борбата за опстанок во Премиер лигата во дуелот од 31.коло постигна Бурнемут откако славеше со 3:2 на гостувањето кај конкурентот за Лигата на шампионите Тотенхем. Јунак на дуелот е напаѓачот на гостите Доминик Соланке со еден гол (вториот) и две асистенции. Тотенхем поведе со голот на Сон во 14.минута, а гостите изедначија во 38.минута преку Виња. Соланке во 51.минута донесе водство за Бурнемут, додека Тотенхем беше на чекор да остане непоразен откако Данјума изедначи во 88.минута. Сепак, за изненадувањето се погрижи Утора, која ја реализираше асиситенцијата на Соланке во 90+5 минута.
На Стамфорд Бриџ Брајтон со головите на резервистите Велбек и Енциско го совладаа Челзи со 2:1, иако губеа со 1:0 откако стрелец за „сините“ беше Галагер. Стелците за головите за Брајтон во игра влегоа поради повреди на нивни соиграчи.
На другите дуели од 31.коло: Астон Вила – Њуксал 3:0, Евертон – Фулам 1:3, Саутемптон – Кристал Палас 0:2, Вулверхемптон – Брентфорд 2:2.
Манчестер Сити и Лестер играат од 18:30 часот. Утре се играат дуелите: Вест Хем – Арсенал и Нотингем Форест – Манчестер Јунајтед. Последниот дуел се игра во понеделник Лидс – Ливерпул.
Табела: Арсенал 73, Манчестер Сити 67, Њукалс 56, Манчестер Јунајтед 56, Тотенхем 53, Астон Вила 50, Брајтон 49, Ливерпул 44, Бренхтфорд 43, Фулам 42, Челзи 39, Кристал Палас 36, Вулвермптон 34, Бурнемут 33, Вест Хем 30, Лидс 29, Евертон 27, Нотингем Форест 27, Лестер 25, Саутемптон 23.