Важна победа во борбата за четвртото место во Супер лигата плеј оф постигнаа ракометарите на Охрид кои попладнево на домашен терен минимално го совладаа тимот на Тиквеш со 22:21 (12:13). Со оваа победа охриѓани се пробија на четвртото место на табелата веднаш зад тројката Вардар, Еурофарм Пелистер и Алкалоид.
Во изедначениот натпревар свои моменти имаа голманите на двата тима. Во таква изедначена игра гостите од Кавадарци беа во водство на крајот од првиот дел. Сепак, домашните ракометари беа поконцентрирани во завршницата на дуелот и откако поведоа со 22:21, знаеја да го задржат водтсвото особено што гостите направија неколку грешки, како и во последниот напад. И додека домашните се радуваа, гостите на крајот протестираа кај судиите.
Гал Цирар од Охрид со 6 голови беше најефикасен кај домашните, додека кај гостите Симиќ и Хамзиќ постигнаа по 6 голови.
Со денешната победа Охрид има 12 бода, или бод повеќе од денешниот ривал Тиквеш -11, додека Бутел е на шестата позиција со 10 голови.
Последниот натпревар од 10.коло меѓу Пролет и Алкалоид се игра во вторник од 19 часот.