На Мастерс тенискиот турнир во Монте Карло, на програмата се осминафиналните дуели.
Светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ мака мачи со во дуелот со Италијанецот, Мусети.
Откако првиот сет Србинот го доби со 6-4, вториот кој траеше часа и 11 минути му припадна на Италијанецот со 7-5.
Во решавачкиот трет сет при резултат 1-1 во гемови мечот е прекинат поради дожд.
Дали оваа пауза ќе биде добредојдена на Ѓоковиќ кој во текот на мечот покажа голема нервоза, па публиката невообичаено во неколку наврати го исвирка, останува да видиме.
Доколку го мине Мусети, Србинот за противник во четвртфиналето повторно ќе има Италијанец и тоа Јан Синер кој го совлада Пајакот, Хуркач со 2:1 во сетови.