Последното 82.коло од НБА лигата го одбележи новиот НБА рекорд, кој го постави актуелниот НБА првак, Голден Стејт „Вориорс“.


Екипата на Стив Кер постигна неверојатни 55 поени во првата четвртина од натпреварот на гостински терен против Портланд.

Најрасположен во оваа четвртина за историја беше Клеј Томпсон со 17 поени, Џордан Пул постигна 12, а Стеф Кари додаде 8 поени.

Претходниот рекорд исто така беше во нивна сопственост, 51 поен во една четвртина.

Вориорс изедначија уште еден рекорд во оваа четвртина со најмногу постигнати тројки 12, со што го срушија претходниот рекорд постигнат во една четвртина, кој беше поставен во април 2021 година од Атланта Хокс, кои постигнаа 11.

Клеј Томпсон стана само трет играч во НБА лигата што постигнал повеќе од 300 тројки во една сезона по Џејмс Харден и Стеф Кари.


Марио Петровски