Екипите на Македонија Ѓорче Петров и Струга Трим Лум финалето во фудбалскиот Куп на Македонија ќе го играат на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.
Дуелот за трофејот кој ќе го бранат Ѓорчепетровци ќе се игра на 20 мај.
Ова е решено на денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија која водено донесе и одлука Редовното Генерално Собрание на Федерацијата да се одржи на 27 мај во Скопје со почеток во 11 часот.