Младиот македонските тенисер воедно и најдобро рангиран Калин Ивановски (18 години) на денешното рангирање за првпат во кариерата има пад на АТП листата. Тој сега се наоѓа со 463.то место откако претходниот понеделник беше рангиран како 457-ми. Ивановски има ист број поени – 91, но од причина што неколку играчи кои имаа послаб ранг им се запишани повеќе освоени поени, Ивановски назадуваше на листата. Тука е досегашниот ранг на Ивановски на АТП листата.
Притоа Ивановски на следното рангирање сигурно ќе напредува за пет места и ќе има 92 поена, откако ќе му биде запишан поенот освоен на фјучрсот во Дубровник што се играше изминатава недела.
Ивановски оваа недела настапува на Челинџер турнирот во Сплит што се игра за награден фонд од 75.000 долари. Тој во првото коло ќе игра против Хрватот Дује Ајдуковиќ (победник на турнирот во Дубровник), а и двајцата на овој турнир настапуваат со „вајлд карта“. Инаку, Ајдуковиќ (22 години) во моментов е на 523.то место, но на следното рангирање ќе му бидат запишани 25-те поени за победата во Дубровник. Ивановски и Ајдуковиќ мечот ќе го играат утре (вторник) на централниот терен како трет во програмата.
Калин Ивановски на Челинџерот во Сплит повторно ќе настапи и во игра на двојки со Хрватот Лука Микрут и за ривали ги имаат Британците Скот Данкан и Маркус Вилис.